Селекторот на Хрватска, Нико Ковач, најави дека „коцкестите“ вечерва на премиерата на СП нема да играат бункер иако го респектира Бразил, кој, според него, е состав со екстра- квалитет и многу светски познати ѕвезди.
„Бразил е огромен фаворит и очекувам да ја освојат титулата. Ако веќе моравме да играме против домаќинот на мундијалот, тогаш, според мене, најдобро е тоа да биде во првото коло во фазата по групи. Во некои елементи сме апсолутно рамноправни со Бразилците и верувам дека тоа и вечерва практично ќе го презентираме на отворањето на шампионатот. Хрватска никогаш не играла бункер, тоа не е наш стил, па и овојпат ќе биде така. Нема да паркираме авотбус пред голот за да се браниме цел меч – изјави Ковач.
Првиот натпревар на СП ќе се игра од 22 часот во Сао Пауло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


