недела, 7 декември 2025 | Вести: 0

Халилхоџиќ: На нашите простори има многу искомплексирани луѓе

Round of 16 - Germany vs AlgeriaФудбалската легенда Вахид Халилхоџиќ кој и го донесе на Алжир наголемиот успех на светските првенства, за малку ќе го приредеше најголемото изненадување на мундијалот, во интервју за хрватски Медиасервис му даде поддршка на хрватскиот тренер, но сепак рече дека тој поинаку би ја организирал играта на коцкестите.

– Денешното општество е толку фрустрирано и незадоволно. И фудбалот и Светското првенство се добродојдени за некој да ги испразни своите комплекси, фрустрации… Тоа нема никакви граници. Денес луѓето брзо се оцрнуваат и преминуваат во некои работи кои од етичка и морална страна немаат никаква вредност. Јас бев со него на извлекувањето и видов една фина, карактерна и воспитана личност. Не може да има искуство како останатите тренери, тоа е негова прва голема работа. Голема беше одговорноста, рече популарниот Ваха кој сепак признава дека тој поинаку би ги организирал играчите во хрватската репрезентација:

– Модрич и Ракитиќ малку би ги подигнал на десет, дваесет метри кон голот, а зад нив би ставил можеби неколк малку подефанзивен. Знаат со топка, па затоа повеќе би ги приближил кон противничкиот гол. Но тоа е мое размислување, а не критика, вели тој.

Top