
– Секоја пратка на храна што влегува во Македонија подлежи на инспекциска контрола од страна на надлежните служби – изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и за ветеринарство Дејан Рунтевски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со производите што се увезуваат од државите кои неодамна беа поплавени.
Рунтевски нагласи дека Агенцијата е во постојана конуникација со надлежните служби во овие држави и е информирана за мерките што ги преземаат.
– Од наша страна е подигнат степенот на контрола таму каде што се очекува дека може да настане опасност. Доколку за одредени производи се процени дека постои ризик од внесување одредени болести или неисправна храна се подигнува степенот на контрола во насока на зголемување на бројот на мостри, кои ќе бидат земени на граница – истакна Рунтевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


