| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемата атракција за деца досега во Скопје – огромните диносауруси пристигнаа во „Скопје сити мол“!

Како специјален подарок за сите основци што ја завршија училишната година, „Скопје сити мол“ им овозможи експедиција, која ќе оди во потрага на, ни помалку ни повеќе – огромни диносауруси! Од 12 јуни до 2 јули молот ќе биде домаќин на интерактивната атракција што го освојува светот – „Кидс дино диг”.

IMG_4196

Целиот настан е можност децата на интерактивен начин да се запознаат и да научат нешто повеќе за диносаурусите стари и до 250 милиони години – од ископување фосилни остатоци во самиот мол, преку тури со палеонтолози и разгледување на експонатите што се и подолги од 12 метри, па сè до можноста да гледаат документарни филмови и да научат нешто повеќе за карактеристиките на диносаурусите.

IMG_4214

Во рамките на „Кидс дино диг”, целиот мол е комплетно посветен на диносаурусите и на потрагата по фосили. Децата можат да ископуваат и откриваат фосили во посебна униформа, заштитна опрема и алатки за ископување. Како дел од експедицијата, децата секојдневно ќе откриваат нови фосилни остатоци и ќе учат нови податоци за диносаурусите присутни во „Скопје сити мол“.

IMG_4232

– Со „Кидс дино диг“ сакаме да им го честитаме крајот на учебната година на учениците во основните училишта. Решивме да им подариме интерактивен настан на кој ќе можат да научат многу нови работи за диносаурусите, да ископуваат фосили и артефакти во специјализираните археолошки зони, или, едноставно, да се фотографираат со овие енормно големи суштества, кои до 2 јули, буквално, ќе го окупираат „Скопје сити мол“. „Кидс дино диг“ е вистинска атракција низ Европа, и ни претставува огромно задоволство што како дел од нивната турнеја за 2014 година се присутни во „Скопје сити мол“ и ќе претставуваат вистинска атракција за сите посетители – изјави Дарко Панчевски.

IMG_4239

Изложбата на диносаурусите ќе можете да ја погледете во времето на работа на „Скопје сити мол“, а тоа е од 10.00 часот до 22.00 часот. Организираните тури со водич ќе се одржуваат на секој час . Комплетната тура и ископувањата на фосили се бесплатни. Децата што ќе учествуваат во активностите поврзани со „Кидс дино диг” треба да се на возраст меѓу 5 и 12 години.

IMG_4255

IMG_4289

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top