Кривична пријава и мерка притвор во траење од осум дена му е изречена на 34-годишниот скопјанец С.Н. поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело телесна повреда при вршење семејно насилство.
Пријавениот на почетокот на неделава, односно на 9 овој месец околу 11 часот во неговиот семеен дом во Скопје по претходна вербална расправија, почнал со перница да ја удира неговата мајка, по што откако неговиот брат му рекол да престане со малтретирањето, почнал да го удира и него со тупаници и нозе по главата и телото нанесувајќи му видливи повреди во вид на модринки по лицето. По извршениот физички напад над него братот на пријавениот успеал да избега од дома и да го пријави настанот во полиција.
По превземените мерки и активности, приведен С.Н. со кого е извршен разговор и истиот бил ослободен. Откако пристигнал дома, повторно продолжил со вршење на кривичното дело односно повторно физички ја нападнал неговата мајка удирајќи ја со тупаници по главата и телото по што истата паднала на земја, а потоа влечејќи ја за нога ја извадил надвор од нејзиниот дом и и ја заклучил влезната врата. По ова истата се упатила во полициска станица да го пријави настанот, за што С.Н. повторно бил приведен.
Инаку пријавениот С.Н. уште како малолетник е познат сторител на кривични дела и против истиот до сега се поднесени вкупно 12 кривични пријави (за кривични дела од областа на неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, тешка телесна повреда, лажно пријавување кривично дело, кражба, одземање моторно возило, тешка кражба, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, даночно затајување, фалсификување или уништување деловни книги), за што за дел од нив му се изрекувани мерка засилен надзор од родител-посвоител, две условни осуди и четири казни затвор.
–
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


