Бамбика ја нарекуваат 19-годишната Александра Недошан (19) од Кикинда, девојчето кое седум години беше заштитно лице на познатите бисквити „Бамби Плазма“.
Родителите, братот и нејзиното момче се меѓу ретките кои ја нарекуваат по нејзино име. Оваа симпатична девојка за српски „Курир“ изјавила дека и е многу драго што илијадници деца пораснале јадејќи ги бисквитите „Бамби Плазма“ на чија кутија им се смешка русокосо девојче, кое денес израсна во вистинска убавица.
– Се подготвувам да се запишам на Високата школа во Земун и еден ден да станам физиотерапевт. Сакам да им помагам на луѓето. Не размислував да станам фото-модел, но ако ми пристигне некоја интересна понуда би ја прифатила – вели Александра.
Таа вели дека и се случиле многу работи додека била заштитно лице на „Плазма“.
– На конкурсот кој беше распишан во 1999 година се пријавија 2.000 девојчиња. Мојата мајка до последен момент мислеше дека изорот ќе биде наместен, бидејќи меѓу кандидатките имаше деца на бизнисмени политичари. А потоа во големото финале беше соопштена одлуката и на големо изненадување беше прочитано моето име. Тој момент нема никогаш да го забравам – вели оваа 19-годишна девојка.
– Ме препознаваа на улица, во продавница, на море… Родителите добија пари и договор, но мене поважни ми беа празниците и роденденот. Тогаш од фабриката ми пристигнуваа подароци, а за родендените по 50 килограми од нивните производи. Ми одговараше да сум во центарот на вниманието, а благодарение на родителите, не се вообразив – вели слатката Бамбика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.