| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Илинден во соработка со „Ван Хол“ организира обука за невработени

van-hol500
Општина Илинден во соработка со компанијата „Ван Хол“ денеска во 14:00 часот организира обука за невработени лица за потребите на оваа компанија, што ќе се одржи во Средното стручно училиште „Илинден“.

На обуката претставниците на белгиската компанија за производство на автобуси ќе ги запознаат невработените лица со профилот на кадри што во иднина ќе им биде потребен, но и со начинот на аплицирање за вработување.

Со единствена цел да им се помогне на младите што побрзо да дојдат до вработување, а во рамките на одличната соработка со бизнис секторот и со државните институции Општина Илинден досега организираше повеќе обуки за невработени лица што беа реализирани со претставниците на Агенцијата за вработување, но и на „Џонсон Мети“, „Пекабеско“, Балканска млекарница „Суташ“, фабриката за работна и заштитна облека „VPTEX-Македонија“.

Обуките се отворени и на нив можат да присуствуваат сите заинтересирани невработени лица од Општина Илинден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top