| четврток, 6 декември 2018 |

На скопјанец му падна седмица на лото

Вечерашното 47 коло на Новолото донесе нов среќен добитник, на 7. премија 7-ка вредна 6.000.000 денари. Среќното ливче е уплататено денеска во продажното место Бабка ноќе скопската населба Хиподром.

Добитникот уплатил 10 комбинации во износ од 150 денари, од кои 8мата комбинација е добитната која му ја донесе вечерашната премија вредна 6 милиони денари. Добитната коминација во ова коло е: 1, 2, 4, 14, 22, 29 и 32, и дополнителен број 12.
Ова е втора премија 7-ка во текот на годинава. Претходно 18-тото коло емитувано на 1 мартги донесе среќните 7 бројки.

Според статистиката на Државна лотарија на Македонија, по Скопје, град кој најмногу игра НовоЛото 7/34 е Битола, а потоа следуваат Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Куманово, Струга, Кавадарци, Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top