| четврток, 6 декември 2018 |

Нема потврда за апсење на градоначалникот на Славјанск

славјанскЛидерот на  т.н. „Доњецка Народна Република“ Денис Пушилин не ја потврди инфромацијата дека е уапсен самопрогласениот „народен градоначалник“ на источниотукраински град Славјанск, Вјачеслав Пономарјов.

Вчера беше соопштено дека Пономарјов е сменет од должноста и уапсен врз основа на одлука на „министерот за одбрана на Доњецката Република“, Игор Стрелков.

– Немам добиено потврда од Игор Стрелков, рече Пушилин пред новинарите по состанокот со пратениците на руската Либерално демократска партија во Државната Дума, Долниот дом на рускиот Парламент,

Тој, меѓутоа, како што јави ИТАР-ТАСС, изјави дека не ги исклучува таквите промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top