
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска оствари средба со високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Астрид Торс.
Како што нформираат од владиниот Сектор за односи со јавноста, на средбата се разговарало за повеќе теми од областа на заедничката соработка, реформите, мултиетничкото општество и етничките заедници, како и имплементација на критериумите и реализација на проектите кои се во насока на унапредување на довербата.
Премиерот Груевски, како што се вели во соопштението, истакнал дека Владата посветено вложува напори и спроведува мерки за промовирање на интеграцијата на различните етнички заедници во сите области од животот со цел осигурување на долгорочна кохезија на македонското општество. Тој посочил дека образованието е основен елемент во овој поглед и според тоа неговиот развој и унапредување ќе продолжи да биде еден од приоритетите на новата влада.

Пред високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, премиерот Груевски ја реафирмирал посветеноста на Владата за спроведување на Охридскиот рамковен договор при што било посочено дека е постигнат значителен напредок во областите на правична застапеност на сите етнички заедници, што придонесува за градење меѓусебна доверба и насочување на капацитетите кон постигнување општествен напредок.
На средбата станало збор и за актуелните предизвици и за начините за нивно надминување што дополнително ќе придонесе за релаксирање на односите за што е потребна ангажираност на сите релевантни чинители и дејствување во насока на нивно надминување.
Премиерот Груевски истакнал дека Владата останува посветена на јакнење на капацитетите на институциите и поддршка на процесите кои ќе значат унапредување на состојбата.
Тој посочил дека Македонија ќе продолжи да соработува со високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства Торс и нејзината Канцеларија и да се потпира на нивната експертиза во оваа област, за што ја изразил својата благодарност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


