| четврток, 6 декември 2018 |

Аспасија Софијанова поднесе оставка од пратеничката функција

sofijanova

Аспасија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести, поднесе оставка од функцијата пратеник, дознава „Телеграф“.

Софијанова беше кандидат за пратеник на листата на ВМРО-ДПМНЕ за првата изборна единица.

Оставката ја поднела вчера до собраниските служби.

– Да, дадов оставка. Но, јас и понатаму ќе продолжам да работам во интерес на децата и на целото население. Ќе останам со народот што ме гласал, ќе продолжам на сите да им помагам од позицијата на лекар – изјави Софијанова.

Нејзиното место во Собранието ќе го заземе следната жена од листата на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, а тоа е Јасмина Дамчевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top