
Ги поддржувам сите напори да се охрабри разбирањето меѓу различните заедници во вашата земја, како и за промоција на зачленувањето на државата во НАТО и во Европската унија, пишува, меѓу другото, генералниот секретар на алијансата, Андерс Фог Расмусен, во писмото до претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Расмусен, како што се наведува во писмото, му се заблагодарува на Ахмети за средбата што ја имаа за време на неговата неодамнешна посета на Скопје, како и за искажаните ставови.
– Ги поздравувам вашите силни и постојани ставови за процесот на евроатлантска интеграција и ја споделувам со вас надежта дека напредокот ќе се постигне набргу. Исто така, бев заинтересиран да слушнам од вас околу вашите ставови за внатрешните збиднувања во вашата земја – му пишува Расмусен на Ахмети во писмото што до медиумите го дистрибуира прес-службата на ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Али Ахмети: Избрани сме да носиме храбри и важни одлуки, а не да калкулираме
-
„Опомени“ за Османи и Ахмети за слабата излезност преку СЈО?
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
Ахмети-Курц: Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех


