| четврток, 6 декември 2018 |

Голема сончева бура се заканува да предизвика огромна штета на Земјата

Огромна сончева дамка која е најмалку шест пати поголема од пречникот на Земјата се формирала на површината на Сонцето и се заканува да предизвика сончева бура која ќе предизвика невидени проблеми на планетава, објави НАСА.

Научниците претпоставуваат дека дамката која се појавила меѓу 19 и 20 овој месец може да го зголеми нивото на зрачење на Земјата.

– Станува збор за многу нестабилна конфигурација која научниците сметаат дека може да прерасне во ерупција од радијација на Сонцето која е позната како соларна бура, изјавил портпаролот на НАСА Карен Фокс.

Се претпставува дека може да предизвика штета колку 20 најсилни урагани. За сега научниците не можат точно да претпостават со колкав интензитет може да биде бурата како ни со која брзина ќе се развива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top