| четврток, 6 декември 2018 |

Висока мода во бело – модна ревија на матурантите од „Лазар Личеноски“ (ФОТО)

Креативност, интересни идеи и неконвенционално размислување се дел од впечатоците по вчерашната модна ревија по повод матурирањето на учениците на отсекот за текстил и облека, во рамки на државното средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“. Истата беше инспирирана од белата боја и имаше цел да претстави модели кои ќе треба да ги покажат идеите на учениците наместо да се концентрираат на квалитетот на материјалите на изработка.

IMG_3664

Модната ревија не беше направена со цел да се направат модели кои би се продавале. Работејќи ја ревијата, сакавме од евтини материјали да ја претставиме фантазијата на учениците и да ги натераме да размислуваат „по лудо”. Едноставноста на избраниот материјал дозволи од него да направиме многу трансформации, а бидејќи одбравме да одиме повеќе на игра со форма, место презентација на текстилен квалитет, го добивме токму тоа што сакавме. Верувам дека ќе продолжиме и понатаму со оваа пракса на креирање на видлив финален производ со матурантите како мотивација за нивна понатамошна професионална надоградба. Верувам дека со нивното понатамошно образование, ќе добиеме добар стручен кадар во оваа област – изјави Лира Грабул, костимограф и професор на отсекот за Текстил и облека.

IMG_3744

Интересно е да се напомене дека практиката на реализација на модна ревија со матурантите на отсекот Текстил и облека е возобновување на практиката која долги години била традиција за училиштето. Имено, во време на постоењето на Модест, училиштето е повеќекратен добитник на награди за ревии реализирани од (тогаш) идните модни дизајнери, кои денес успешно се бават со моден дизајн или сценски костим. Денес истите се дел од Модните недели во Македонија, па зошто да не биде ова добра препорака и младите идни модни дизајнери од отсекот Текстил и облека да бидат дел од оваа манифестација.

Модната ревија беше дел од Завршната изложба на ДСУЛУД Лазар Личеноски, на која беа претставени дела на учениците од сите отсеци во рамки на училиштето. ДСУЛУД Лазар Личеноски е единственото училиште од овој тип во Република Македонија, па ова беше одлична презентација на „креативниот капацитет” со кој располага училиштето, а со тоа и Република Македонија во целина.

IMG_3607 IMG_3636 IMG_3649 IMG_3651 IMG_3662 IMG_3668 IMG_3680 IMG_3683 IMG_3688 IMG_3690 IMG_3694 IMG_3717 IMG_3727 IMG_3730 IMG_3737 IMG_3755 IMG_3761 IMG_3771 IMG_3772

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top