Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против 46-годишниот П.И.од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
Пријавениот, во својство на одговорно лице-градоначалник на Општина Вевчани, спротивно на Законот за јавни набавки и без да распише потреба од јавна набавка за правни услуги, на адвокат од Струга на име адвокатски услуги од застапување на Општината Вевчани, му овозможил противправна корист од наплата во износ од 1.025.583 денари.
Во периодот 2009 – 2013 година пријавениот не превзел никакви мерки за да се заштитат имотните интереси на Општина Вевчани и без да се грижи за имотот и интересите на Општината која ја застапувал и претставувал, склучил и други противправни и спорни договори оштетувајќи го општинскиот буџет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


