Вчеравечер околу 22 часот во скопското село Арнакија со патничко возило дошле С.Ј.(25) и А.Ш.(21) двајцата од с. Буковиќ, исто така скопско, и го пресретнале Н.Џ.(29) од с. Арнакија, по што ја зголемиле брзината на возилото и испукале неколку куршуми од пиштол.
По кратко време во с.Буковиќ пред чајџилницата каде се наоѓале С.J. и А.Ш, пристигнал Н.Џ по што настанала расправија која прераснала во тепачка. Во тепачката учествувале и други лица кои се наоѓале во чајџилницата, по што со остар предмет на Н.Џ. му биле зададени повеќе убодни рани во пределот на нозете и телото, а од огнено оружје-пиштол бил испукан еден куршум.
Н.Џ е пренесен во Градската болница „8-ми Септември“ каде е задржан на лекување, а извршен е увид на местото на настанот при што се одземени неколку куршуми и чаури, додека во ПС Ѓорче Петров е одземен пиштол марка „чешка зброевка“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


