| четврток, 6 декември 2018 |

Починал на лице место – мотоциклист загина во сообраќајка во Битола

motor

 Уште една сообраќајна несреќа ја потресе Македонија. Синоќа, на патот Битола – Ресен, кај местото Ѓавато загина 45-годишниот мотоциклист Тони Г. кога возејќи го својот мотор марка “Дукати”, се судрил со автомобил марка Мерцедес.

Според податоците на Нова Македонија, мотоциклистот за жал починал на лице место во страотната сообраќајка. Веднаш по пријавувањето на  местото  на несреќата излегла  увидна екипа, која  неколку часа го блокира сообраќајот на овој патен правец и истиот го пренасочи по стариот пат Битола- Ресен.

Тони Гулевски  беше претседател на мото клубот  ЛТД Битола  и организатор на  мото трките Братиндол во Битола и главен спонзор на битолските моторџии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top