Полицијата во Џакарта истражува четири странски професори на престижно меѓународно училиште, под обвинение за сексуално злоставување на деца, јавуваат локалните медиуми.
Во истото улилиште, хигиеничари се осомничени за силување на шестгодишно дете. Еден од нив извршил самоубиство додека бил во притвор минатиот месец.
Случајот, што беше откриен годинава, ја шокираше јавноста во земјата.
Четворица странски професори се обвинети од ученичка, која тврди дека ја злоставувале. Полицијата го истражува случајот, изјави шефот на полицијата во Џакарта, Дви Пријатно.
Имиграциската служба соопшти дека ќе бидат депортирани 20 професори од меѓународно училиште, вклучително и четворицата осомничени. Сепак, полицијата бара тие да бидат задржани до крајот на истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



