Тело на неидентификуван маж е пронајдено во реката Сава, стотина метра од мостот во Остружница во Белград, пренесува српски „Телеграф“.
Откако телото се доближило до крајбрежјето на реката било утврдено дека на нозете со коноп му биле заврзани две бетонски тули, а главата во висина на очите била замотана со самолеплива лента.
Откако телото било извлечено од водата, извршен е комплетен полициски увид, а потоа е однесено на Институтот за судска медицина, каде што со обдукција ќе биде утврден идентитетот и причината за смртта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



