| четврток, 6 декември 2018 |

Сан Антонио славеше на Флорида за 2-1

На Флорида синиќа беше одигран третиот натпревар од финалето на НБА лигата, а Сан Антонио со резултат 111-92 го совладаа Мајами Хит.

Спарс имаа неверојатна шутерска ноќ, во првото полувреме процентот за шут од игра им изнесуваше 75,8 проценти што е и рекорд во натпреварите од финалната серија.

Гостите за првите две четвртини постигнаа 71 поен и на полувремето заминаа со плус 21 поен.

Кави Ленард беше одличен и натпреварот го заврши со 29 поени, покрај него по 15 поени постигнаа Дени Грин и Тони Паркер, додека 14 уфрли Тим Данкан.

Леброн Џејмс и Двејн Вејд уфрлија по 22 поени, 14 постигна Рашард Луис, а 11 Реј Ален.

Спарс во серијата сега водат со 2-1, а четвртиот натпревар се игра ноќта помеѓу четврток и петок повторно во Мајами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top