За сите заинтересирани потсетување дека денеска е последниот ден за пријавување за волонтирање во Министерството за финансии.
Министерството за финансии, врз основа на Програмата за волонтирање објави јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Министерството за финансии во кој се вели:
Се повикуваат сите заинтересирани студенти запишани на прв циклус на економски или правни студии да се пријават за волонтерска работа во Министерството за финансии и тоа:
Студенти запишани на прв циклус економски или правни студии – 40 волонтери.
Волонтерската работа ќе се извршува од 16 јуни до 15 септември 2014 година, без можност
за продолжување.
Заинтересираните кандидати може да аплицираат на е-маил адресата [email protected] или [email protected] или лично во писарницата на Министерството за финансии на ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр.54, ( зграда на поранешна НИП Нова Македонија), со назнака „Јавен повик за волонтирање во Министерството за финансии“ со поднесување на следните документи:
– мотивационо писмо;
– кратка биографија со податоци за контакт (задолжително телефонски број, е-маил адреса и
адреса на живеење);
– доказ за утврдување на статусот студент на економски или правни студии (соодветна потврда
издадена од високообразовна институција).
Рокот за доставување на документите e до 10.06.2014 година.
По истекот на рокот за аплицирање, сите кандидати кои уредно аплицирале, ќе бидат дополнително повикани на интервју. По завршување на постапката за селекција и рангирање, најуспешните кандидати ќе бидат повикани да започнат со вршење на волонтерска работа.
Кандидатите се охрабруваат да ја посетат интернет страната на Министерството за финансии www.finance.gov.mk, од каде можат да добијат информации за надлежностите, проектите и делокругот на работа на Министерството за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



