Романската гимнастичарка Флорика Леонида (27) признала дека веќе неколку години се занимава со елитна проституција, бидејќи од спортот во својата татковина не можела да преживее.
Леонида освојувала медали на Светските и Европските првенства. Таа во својата татковина се обидела да работи како тренер, но малку заработувала и не можела да го прехрани своето сиромашно семејство.
Леонида потоа одлучила во 2007. година да се пресели во Германија и сакала да работи како фитнес тренер. Меѓутоа, не се снашла и во Германија, па се преселила во Австрија каде почнала да работи во една виенска јавна куќа.
Една нејзина пријателка неодамна раскажала дека Флорика за само една ноќ заработува 1.200 евра и дека за тоа време има 5-6 клиенти.
Флорика тврди дека половина од заработените пари им ги праќа на семејството во Романија, додека останатите ги троши за живот во Виена
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европска шампионка во кик-бокс пронајдена мртва
-
Проститутката која ширеше сида е уапсена, но најлошите вести допрва стигнуваат: Не се знае кој се е заразен!
-
Уапсена е проститутката која ширеше сида по Србија: Полицијата ја пронајде мигрантката
-
Исповед на загрепска проститутка: Мојот живот после повеќе од 1 000 муштерии