| четврток, 6 декември 2018 |

Американска мисица: Јас сум резултат на силување

 Валери Гато, Мис на Пенсилванија за 2014 година, која влегла во 20-те најубави девојки во САД, открила дека нејзината мајка останала бремена откако била силувана.

– Кога се раѓате како резултат на силување, не знаете кој ви е татко, не знаете дали некогаш го пронашле, повеќето луѓе на овој случај гледаат како на трагедија – изјавила дваесет и четиригодишната мисица.

– Пораснав со мајка ми и со нејзините родители. Тие мене никогаш не ме третираа како грешка. Имам семејство кое ми дава многу љубов и поддршка и која ми вели дека можам да бидам и претседателка на САД, ако тоа го посакам – вели Гато.

гато 2

Мисицата веќе од 6 години започнала да прашува кој и е татко, но нејзината мајка и кажала дека тој никогаш нема да биде дел од нејзиниот живот. Кога имала десет години Валери повторно се интересирала за тоа кој е нејзин татко, по што мајка и и кажала дека била нападната со нож и силувана.

– Мислам дека се се случува со причина. Сакам да кажам дека се е можно да се случи и дека не смеете да дозволите негативните околности да ви го дефинираат животот – рекла таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top