| четврток, 6 декември 2018 |

Штербик се запозна со соиграчите од Вардар

Новото засилување на Вардар, голманот Арпад Штербик, го имаше првото официјално запознавање со Скопје и екипата во која треба да настапува во иднина. Актуелниот репрезентативец на Шпанија неколку дена престојува во Скопје со цел да се запознае со условите, со салата во која ќе игра клубот, како и да види каде ќе биде сместен со семејството.

Најголемата ѕвезда во Вардар има доста пријатели со кои во минатото одржувал врски, а сега и лично беше со сите на кафе. Срдечен, скромен и ненаметлив, Штербик беше на мета и на многумина граѓани кои го препознаа додека се шеташе низ Скопје.

Сите му посакаа добредојде, и да има успеси во црвено-црниот дрес, подеднакво како и со Барселона и со Сиудад Реал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top