| четврток, 6 декември 2018 |

Спасени тројца малолетници што со педалинка се загубиле по Охридско Езеро

Три малолетни лица безбедно се извлечени од водите на Охридско Езеро и вратени на копно во акцијата на полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ .

pedalinka

 

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, акцијата се спроведувала вчера околу 16 часот во езерските води во близина на хотелот „Бисер“ на струшкиот дел од крајбрежјето.

– Малолетниците се наоѓале во изнајмена педалинка која невремето и силниот ветер неконтролирано ја носеле кон албанските територијални води. Езерската патрола изврши итно пребарување на езерскиот квадрант, и на околу 1,5 километар од езерскиот брег наспроти хотелот „Бисер“ ги забележи педалинката и трите малолетници – истакна Димоски.

Поради големите бранови, трите малолетници биле видно вознемирени и не можеле да го управуваат и контролираат пловилото што претходно го изнајмиле пред хотелот „Дрим“ во Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top