По точно 23 години, денеска ќе престане да се емитува емисијата „Заборави ако можеш“ на Македонското радио, Радио 2, со Драган Б. Костиќ. Радиската легенда Костиќ денес полни 64 години и според законот треба да се пензионира. На својот профил на „Фејсбук“ тој го искажа својот став.
„Забележувам петиции на „Фејсбук“ за спас на емисијата „Заборави ако можеш“. Им благодарам на креаторите, но изјавувам дека не сум поттикнал ниту една. Бидејќи немав потреба. Одговарав на поставените прашања на поедини медиуми, кои потоа си извлекуваат свои ставови на кои имаат право. Законски е јасно, сум ја исполнил возрасната обврска, а МРТ нема интерес да го продолжи емитувањето на емисиите (и „Заборави ако можеш“ и „Диско селектор“), што е нивно право. Не можам ништо против тоа, освен во догледно време да пронајдам нова фреквенција за истите или некои други радиски проекти. Уште еднаш им благодарам на сите добронамерни кои во медиумската безличност во овие емисии пронаоѓаа оаза. Денеска (10.06.2014) во 17.05, не кријам, но се надевам ќе ја надминам, со доза возбуда која можеби ќе ја наруши мојата емотивна стабилност, за последен пат ќе седнам зад микрофон да ја водам емисијата по 4.661 пат. Не е лесно после преку 12.ооо емисии или преку 15.000 часови пред истиот микрофон, да станеш и да си заминеш. Ќе се обидам, напиша Драган Б.Костиќ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


