СВР Тетово поднесе кривична пријава за З.З.(15) и за Б.А.(20), двајцата од с. Чифлик, Тетовско, за сторени кривични дела тешка кражба.
На 29 јануари годинава првопријавениот со употреба на тврд предмет го скршил стаклото од влезната врата од ОУ „Пашко Васа“ во с. Групчин и одзел два лаптоп-компјутери.
На 28 мај, пак, во с. Чифлик, двајцата пријавени со употреба на погоден алат извршиле тешка кражба во куќата на лице кое е на привремена работа во Данска, од каде што одзеле два телевизора и златен накит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Jа ограбиле бабата која им изнајмила соба во Охрид: Двајца скопјани во притвор
-
Бившата на Бордејн силувала 17-годишен тинејџер: Му останаа тешки трауми, менталното здравје му е загрозено
-
Делеле соба во Охрид: Србин ограбил Јапонец
-
Маж ограбен на сред улица: Еден го удрил, а неговата пријателка му ги зела парите