| четврток, 6 декември 2018 |

Колку често тоа го прават жените, а колку мажите?

Мажите мастурбираат повеќе од жените, а сега за тоа постојат и конкретни докази.

Истражувањето спроведена од страна Универзитетот во Индијана, покажа конкретни бројки за тоа колку често се самозадоволува просечната жена, а колку просечниот маж.

Според резултатите, пет проценти од жените на возраст меѓу 25 и 29 години мастурбираат повеќе од четири пати неделно. За споредба, тоа го прават 20 отсто од мажите.

Да одговорат со „неколку пати месечно“ се одлучија на 21, 5 отсто од жените и 25,4  проценти од мажите во истата возрасна група.

Она во што и мажите и жените се еднакви е резултатот дека со годините мастурбираат помалку.

Студијата исто така покажа дека постои голем број на физички и психолошки придобивки за жените кои „ја земаат работата во свои раце“. Прво, мастурбацијата ги намалува стресот и анксиозноста. Второ, овие жени имаат поголема почит за своето тело и поактивен сексуален живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top