| четврток, 6 декември 2018 |

Препуштете се на самозадоволувањето! Мај е месец на мастурбирањето

Пред точно 21 година сексшопот „Добри вибрации“ („Good Vibrations“) од Сан Франциско го прогласи мај за месец на мастурбацијата. Оттогаш постојано бара спонзори и организира хуманитарни настани за собирање на средства за разни организации коишто го истражуваат сексот и сексуалните табуа.

Истата екипа во 1999 година за прв пат го органзиираше Мастурбиратон (Masturbate-a-Thon), настан каде под слоганот „Сврши за добро дело“  учесниците мастурбираат со цел собирање на пари за добротворни цели, како и да ја подигнат свеста и да го отстранат срамот и табуата поврзани со оваа сексуална активност.

Оваа година Матурбиратонот се организира во Филаделфија, започна во средата и го означи месецот на мастурбирањето за започнат, а ќе трае до 27-ми мај. Спонзорите донираат пари за секој час во кој учесниците мастурбираат, а собраните сретства че се донираат во локалните групи за сексуална едукација.

Актуелниот светски рекордер во должина на траењето на мастурбацијата е порно ѕвездата Сони Наш, кој се самозадоволување точно 10 часа и 10 минути ланскиот мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top