| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на филмот „Старо купујем“ во Домот на АРМ

02A3D3B646182D4E9CF745A9B3720160

Kомедијата „Старо купуем“ во режија на Младен Kрстевски и во продукција на „Ве-ма филм“, вечерва во 21 часот, премиерно ќе биде прикажан во Домот на АРМ во Скопје.

Филмот се фокусира на бегството од секојдневието, на луѓето со неостварени животни желби и копнеењето по подобар живот. Во главните улоги, освен Kрстевски, играат Ѓорѓи Тодоровски-Трупче, Александар Шехтански, Kица Ивковска и Маја Вељковиќ.

Филмот се снимаше на локации во Скопје, Kрива Паланка и во Битола. Сценариото е на Kрстевски, директор на фотографија и снимател е Слободан Стојков.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top