Борбите во источниот дел на Украина продолжуваат и покрај вчерашните најави на шефот на државата Петро Порошенко за прекин на судирите, а од Славјанск и Мариупољ стигнуваат информации за загинати и повредени лица.
Според медиумите, украинската војска врши артилериски напади врз Славјанск, каде има жртви, а гранатите оштетиле црква, зградата на Градскиот совет, штабот на самопрогласената „народната милиција“, болница, училиште и станбени згради.
Поради претходно оштетување на водоводот и далноводот, снабдувањето на градот со струја и вода е во прекин. Денеска првпат се воделе борби и во центарот на градот, при што загинале најмалку пет луѓе.
Во Мариупољ војската извршила напад на аеродромот, кој е под контрола на проруските сепаратистички сили.
Се уште нема конкретни извештаи за бројот на жртвите, освен дека тројца војници се повредени во експлозија на бомба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина



