Новиот тренер на Барселона Луис Енрике денеска итно беше префрлен во болница поради воспаление на слепото црево, а веднаш потоа бил опериран.
Каталонските медиуми пренесуваат дека Луис Енрике е итно префрлен во Ургентен центар, а по неколку саати бил опериран и се вели дека за неколку дена ќе биде пуштен на домашно лекување.
Енрике официјално стана тренер на 21. мај и од тогаш работи со стручниот штаб, додека припремите со тимот се закажани за 14. јули
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.