Викендов полуматурантка во Тиквешко била жртва на групно силување, дознава Дневник.
Според неофицијалните информации на весникот, 4 или 5 млади од тиквешко село од кои еден полнолетен, а другите малолетни, во комбе, силувале млада соселанка со која се познавале.
Портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска потврдила дека силување било пријавено во полициска станица во град од Тиквешијата вчера.
-Се работи за пријава за полов напад врз малолетник. Има осомничени лица. Работиме на целосно расветлување и документирање на случајот-рече Стојковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.