Штабот за вонредни состојби во Шабац ги информира денеска граѓаните дека поради наезда на инсекти и опасност од очекувана наезда на глодари на подрачјето на градот е критично, додека епидемиолошката ситуација се оценува заканувачка.
Експертите на Заводот за јавно здравје, републичката санитарна инспекција и Ветеринарниот институт во Шабац предупредија на опасноста од појава на Западнонилска треска, чии преносители се комарците, а која на овој простор беше присутна и во редовни услови.
Исто така предупредуваат и на опасноста од лептоспироза која ја пренесуваат глодарите.
Штабот на градските комунални служби им наложи да ја повторат акцијата за уништување на инсекти од земја и од воздух, бидејќи акцијата која е извршена минатата седмица не беше успешна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.