Иако пред две години се разделија Хајди Клум и Сил, по се изгледа тие ги надминале недоразибрањата.
Откако пред неколку дена заедно ги носеа децата во Дизниленд, поранешните сопружници повторно се фатени заедно. И овој пат ги споија детските активности и времето го поминуваа гледајќи детски фудбалски натпревар во парк.
Нивната средба не би предизвикала толку внимание ако поранешните сопружници не разменија долг и топол бакнеж на крајот на дружењето.
Бракот беше прекинат во почетокот на 2012 година, а се шпекулира дека причината е неверството на Хајди. Таа во последно време неколку пати е видена со Вит Шнабел, трговец со уметнички дела, но врската не ја потврди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.