| четврток, 6 декември 2018 |

Има нова љубов: Мик Џегер ја преболе партнерка која се самоуби

мик

Рок музичарот, Мик Џегер веќе има нова партнерка, што е очигледно од сликите испратени во весникот Сан.

мик 4

Папараците го фотографираа во прегратките на една непозната жена во хотел во Швајцарија еден месец по смртта на долгогодишната партнерка Скот. На една од фотографиите евидентна е непосредната близина и меѓусебна нежност, додека девојката стои зад него.

мик 2

Вокалистот на Ролинг Стоунс беше скршен од тага поради самоубиството на Скот во март, со која помина 13 години. Таа посегнала по својот живот поради огромните долгови кон модниот бизнис.

мик 3

Но фотографиите покажуваат дека пејачот ја остава зад себе драмата. Според Сан, Џегер ја сретнал жената во клуб каде таа работела како келнерка. Двајцата заедно го поминале последниот викенд. Сликите се направени за време на дводневната турнеја на групата во Цирих минатата недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top