| четврток, 6 декември 2018 |

Најмладата Кардашиjан доби забрана да се гледа со Бибер

Брус Џенер, таткото на шеснаесетгодишната Кели Кардашиjан, ѝ забрани да се гледа со проблематичниот пејач Џастин Бибер, кој ниже проблем по проблем.

Откако заедно го посетија Лас Вегас во почетокот на мај и барот „Рејнбоу рум“ во Холивуд на 27 мај, Брус одлучи да преземе мерки.

– Брус мислеше дека Џастин се дружи со неговата постара ќерка, Кендал, а Кели се дружи со нив – изјави извор за порталот „Шугарскејп“.

Но, откако разбрал дека Бибер и најмладата ќерка во семејството Кардашиан, Кели, времето го поминуваат сами, збеснал и ја повикал неговата поранешна жена Крис Џенер.

Потоа ја повикал Кели и ѝ забранил да излегува со Бибер затоа што лошо влијае врз неа. Со одлуката се согласила и мајката Крис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top