| четврток, 6 декември 2018 |

Промени во владата на Самарас

antonis samaras
Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска се очекува да соопшти за промени во коалициската влада.

Клучен елемент од промените во кабинетот ќе биде сменувањето на министерот за финансии. Досегашниот министер Јанис Стурнарас, најверојатно, ќе биде гувернер на централната банка на Грција.

Смени и рокади се очекуваат во министерствата за развој, за здравство, за внатрешни работи и административни реформи, како и на ниво на заменик-министри, јавија грчки медиуми.

Министрите за надворешни работи, за одбрана и за туризам, најверојатно, ќе ги задржат функциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top