| четврток, 6 декември 2018 |

Мајами израмни, Леброн незапирлив

Во Тексас синоќа беше одигран вториот натпревар од финалето на НБА лигата, а кошаркарите на Мајами предводени од Леброн Џејмс со резултат 98-96 го совладаа Сан Антонио и со тоа го израмнија резултатот.

За разлика од првиот натпревар кога системот за разладување во салата на Спарс не функционираше, овој пат условите за игра беа идеални. Тоа очигледно најмногу му одговараше на Леброн Џејмс кој се врати во најдобро издание по проблемите со грчевите.

Џејмс беше најефикасен играч на натпреварот со 35 поени, а покрај тоа запиша и 10 скока. Крис Бош уфрли 18 поени, додека по 14 поени постигнаа Двејн Вејд и Рашард Луис.

Со 21 поен Тони Паркер беше најефикасен кај Спарс, додека Тим Данкан имаше двоен учинок со 18 поени и 15 скока, Ману Џинобили натпреварот го заврши со 19 поени.

Сега резултатот е 1-1, а следниот натпревар се игра ноќта помеѓу вторник и среда во Мајами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top