| четврток, 6 декември 2018 |

Турција доби покана за приклучување во Евроазискиот економски сојуз

nzarbaev abdula gul

Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбајев, упати покана до турскиот претседател Абдула Ѓул за Турција да се приклучи кон Евроазискиот економски сојуз и официјално да ги почне евроазиските интеграции.

Назарбаев и Ѓул имале средба во Бодрум за време на конференцијата на Советот на земји од турско говорно подрачје, која се одржа на 5 и 6 јуни во Турција.

Претседателот на Казахстан изјавил дека Турција треба да се приклучи кон Евроазискиот економкси сојуз и така да го почне процесот на приклучување на други земји во кои живее турски народ. Назарбаев е еден од највлијателните авторитети во евроазиските интеграции, а и самиот Путин го нарекува „татко“ на актуелниот процес затоа што уште во деведесеттите години од минатиот век предлагал концепт на обединување на евроазиските земји.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top