| четврток, 6 декември 2018 |

Запурно претпладне во Скопје, со можност за локален дожд со грмежи

dozd-cadori02Слично како и во неделата, сончево и релативно запурно време се очекува во претпладневните часови на понеделник. Попладне во земјава ќе има појава на локална и краткотрајна нестабилност, особено во југоисточните, но и во дел од западните региони. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец, а во источните краишта ветерот ќе дува со умерена брзина.

Според метеопро.мк, дневниот максимум на температурата на воздухот ќе има вредност 28°С се во котлините во западниот регион, и 30°С во котлините од источниот крај. Југот на повардарието очекува максимална до 34°С.

Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Скопскиот регион очекува претежно сончево и спарно време претпладне, а попладне ќе постојат услови за појава на локален краткотраен дожд проследен со грмежи. Ќе дува претежно слаб северен ветер. Дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност до 32°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top