| четврток, 6 декември 2018 |

Три претстави на „Војдан Чернодрински“

teatar

Три претстави од кои две во официјалната конкуренција ќе бидат одиграни вечер на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.

Од 19:30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ е „Хамлет во пикантен сос“ во изведба на театар „Комедија“ од Скопје, од 22 часот во народниот театар „Војдан Чернодрински“ е „Живот под кирија“ во изведба на Албанскиот театар од Скопје, додека на полноќ, како дел од придружната фестивалска програма, во Прилепскиот народен театар публиката ќе може да ја види „Шах-мат, љубов моја“.

„Хамлет во пикантен сос“ по текст на Алдо Николај го режираше Александра Кардалевска, „Живот под кирија“ е на Рефет Абази и во режија на Лука Кортина, а „Шах-мат, љубов моја“ во режија на Ивана Ангеловска ја напиша Мила Јовановиќ Јовановиќ, студент по драматургија во класата на вонредниот професр Маја Стевановиќ.

Синоќа прилепската публика имаше несекојдневна можност да патува во Скопје и во новиот објект на МНТ да ја гледа „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш во режија на Дејан Пројковски. Сите 617 влезници беа продадени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top