Само неколку седмици откако неговата девојка се самоуби, Миг Џегер има нова девојка, објавуваат медиумите во Велика Британија. Медиумите го снимнија Џегер со една млада бринета која му прави друштво на терасата во неговата хотелска соба во Цирих.
Сестрата на неговата поранешна девојка изјави: „ И сега уште се прашувате зошто мојата сестра беше депресивна?“
– Овие фотографии покажуваат за што размислува и како се чувстува. Неговите ќерки велат дека срцето му е скршено и дека е тажен поради смртта на мојата сестра. Сепак, кога ги гледате овие фотографии сфаќате дека тој никогаш нема се смени – вели сестрата на поранешната партнерка на Џегер.
Неговите пријатели велат дека тој тагата ја лечи на овој начин.
– Некои мажи тагата ја лечат со алкохол. Мик не пие многу, па затоа тагата ја лечи со жени – вели негов близок прријател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.