Проруските бунтовници во Украина, кои се борат против властите во Киев, спроведоа најжесток досега напад на меѓународниот аеродром во Луганск, во источниот дел на земјата.
Нападот почнал синоќа, непосредно по инаугурацијата на новоизбраниот украински претседател Петро Порошенко, а продолжен е изутринава.
Аеродромот, што подолго време е затворен за летови, е едно од ретките места во областа што не е под контрола на сепаратистите.
– Бунтовниците се обидуваат да ја уништат зградата што го контролира снабдувањето со електрична енергија на аеродромот, изјави по телефон припадник на украинските сили задолжен за безбедност на аеродромот.
Проруските сепаратисти во мај прогласија независност на „Луганската народна република“, речиси истовремено со соседната „Доњецка народна република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


