| четврток, 6 декември 2018 |

Гранатиран центарот на Славјанск

славјанскУкраинската армија го гранатира централниот дел на градот Славјанск, во регионот Доњецк во Источна Украина, соопштија градските власти.

– Центарот на градот се наоѓа под артилериски оган. Една од гранатите експлодира во близина на зградата на градската влада- велат од таму. Засега нема информации за загинати. Комуникацијата со мобилни телефони е отежната и има сериозен недостиг на чиста вода за пиење. Поголем дел од градот е без електрична енергија, а украинската армија во текот на ноќта користи светлечки проектили.

Киев продолжува со операцијата во Источна Украина, наспроти ветувањето на новизбраниот украински претседател Петро Порошенко дека во регионите на Доњецк и Луганск ќе биде воспоставен мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top