| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Бојкотот на изборите ќе биде најсилниот аргумент на Грција против Македонија

milosoki

Бојкотот на опозицијата ќе биде најсилниот аргумент на Грција против Македонија на Самитот на Европската Унија во јуни, изјави пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски во интервју за порталот „Прес24“.

– На Самитот на ЕУ во јуни бојкотот на опозицијата очекувам да биде најсилниот аргумент на официјална Атина и 2-3 други членки на ЕУ за Македонија да не добие датум за отпочнување на преговорите за членство –  вели Антонио Милошоски, во интервјуто за Прес24, потенцирајќи дека најголемата грешка што некогаш ја направила неговата партија е бојкотот на изборите во 1994 година.

– Дел од раководството на СДСМ можеби нема капацитет да понуди решенија за проблемите на државата, но со сигурност има капацитет да и создава дополнителни проблеми на државата. Подготвени сме да се носиме со таквиот ризичен предизвик, и преку институциите, но пред се преку довербата кај мнозинството од граѓаните –  вели Милошоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top