Биба Додева е победник на вечерашното големо финале од 29. издание на музичкиот фестивал „Макфест“. Таа ја понесе првата награда во висина од 20. 000 евра со песната „Врати се“ која освои најмногу гласови.
Втората награда вредна 15.000 евра замина во рацете на Дарко Илиевски со изведбата на „Кога најмногу ми требаш“, а третопласиран беше Елвир Мекиќ.
За најдобар дебитант на фестивалот „Макфест“ оваа година е избрана Симона Попоска со песната „Како да заборавам“, а наградата за најдобар сценски настап ја доби Викторија Лоба со нумерата „Само мој“.
Фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





















