Фондот за здравствено осигурување започна да ги казнува клиниките што не го почитуваат проектот за електронско закажување „Мој термин“ и не ги услужуваат навремено пациентите.
Вкупно 12 јавни здравствени установи веќе заработија казни меѓу 75.000 и 150.000 денари заради непочитување на правилата и неоправдано враќање на пациентите кај матичен лекар по упат, пишува Дневник.
– Од средината на април специјалистите може да креираат упати со важност и до една година за пациентите да не мора да одат повторно кај матичниот лекар. И за итните случаи не треба упат од матичниот, туку го издава здравствената установа што го примила пациентот – потсетуваат од Фондот.
Ако пациентот има хронично заболување и треба да биде хоспитализиран, специјалистот може да му издаде и упат за болничко лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



