Две сестри на 13 и 15 годишна возраст се нови жртви на групно силување во Индија, пренесува ДПА.
Девојчињата биле нападнати од тројца мажи во селото Сијапур, во сојузната држава Утар Прадеш. Напаѓачите се уапсени.
Инцидентот претставува уште еден случај на групно силување во серијата напади во индиската сојузна држава Утар Прадеш.
Нападите предизвикаа серија протести во главниот град на државата Лакнау.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



