Мик Џегер решил што порано да се опорави од трагедијата која неодмна го снајде.
По смртта на неговата девојка, дизајнерката Лорен Скот, која се самоуби на 17-ти март, славниот музичар беше скршен од болка, но се чини дека се одлучил да го вложи целиот труд за да ја надмине болката.
Британските медиуми, пишуваат за новата врска на 70 годишниот Мик Џегер, кој потврдил дека во неговиот живот има нова жена.
Тој е виден на балконот на неговиот пентхаус во Цирих со мистериозна млада бринета, а тој изгледал опуштено и постојано бил насмеан, исто како и неговата пријателка.
Според пишувањата на странските медиуми, музичарот и бринетата се запознале во ноќен клуб, а оттогаш не се одвојуваат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



